Бог и рокенрол – монах Арсениј

Ноември 2, 2008 - Leave a Response


Боже згрешивме, залутавме, пострадавме

Сакавме слобода, станавме робови

Баравме висина, се срушивме на дното

Очите наши копнееа по светлина, нè обви темнина

Имавме сила голема, многу дарови, бистри умови, прекрасни лица, ѕвонливи гласови, негувани коси, долги

Имавме смели зборови, често дрски, фини особини

Но најмногу носевме рани, тага и бол

за кои што најчесто ни сами не бевме свесни

А сето тоа поради љубовта

која што ја баравме насекаде

само не во Тебе

само не во Тебе

Исусе, таго моја, Исусе младост моја, единствена радост моја, проштевај!

Вака започнува да ја ниже својата искрена исповед авторот на книгата „Бог и рокенрол“, отец Арсениј …

Секоја глава ја преточува во молба до Бога…во длабока воздишка и солзи, огромна тага за загубата, но и преголема радост за надежта која останува во Бога. Трезвено расудување, потполна детекција на сите проблеми и причините за нивното појавување, и на крај – порака, која ѕвони од секој збор и пронижува длабоко во срцето на читателот.

Не може никој да остане рамнодушен на она што отец Арсениј отворено го споделува, уште повеќе човек не може а да не се замисли и радосно да му заблагодари на Бога што и покрај сè што се случувало, го спасил чедото свое од пропаст.

Книгата зборува за одломки од младоста на отец Арсениј со особен акцент на животот проживеан со својот најдобар пријател, познат белградски сликар, Душан Герзиќ – Гера.

Засташувачки редови на искреност, силна опојност на дрогата, сексот и рокенролот, огомна талентираност и желбата за достигнување на врвот, ја потресуваат душата на оној што тоа го гледа и чита од еден друг агол, од едно друго време.

Стои пред тебе еден човек кој го носи ликот Христов на себе, човек кој тој лик го сменил со ликот на демонот на хероинот, лик кој може и денес да се препознае на секое лице што ги ужива тие дроги. Свесен дека бил во изворот на огнената лава, не ни дава образец или начин да се изгасне тој вулкан, туку споделувајќи ги раните од огнот покажува како огнот освен што ќе те згрее, може да те изгори.

Периодот кој се опишува во искрените низ солзи исповедни зборови е мрачен и безбожен. Дваесеттиот век – дел од човечката историја во кој дрогата, заедно со сите останати синтетички стимуланси пушта цврсти корени и сраснува во сите слоеви на секојдневниот живот. Еден комунистички период во кој секаков вид на литература освен православна, е достапен за жедната младина. Младина израсната во безбожна ужасна атмосфера, со разводи, тепачки и многу малку љубов. Сето тоа пропратено со силината на хипи движењето кое и во Београд зазема голем замав. Токму тој период е почетокот на животната приказна на о.Арсениј. Богати и екстра талентирани млади луѓе земаат сè што може да им понуди тогашен Белград, се празнат максимално и не наоѓајќи утеха странствуваат во новиот Вавилон. Њу Јорк ги пречекува со раширени канџи. Таму успеваат да стекнат и слава и уживање…но таквиот живот  полека си ги наплаќа своите долгови. Малото емигранско друштво почнува да го смалува својот број. Умираат од сида, предозираност, хепатит, самоубиство…во тешки агонии…


На промоцијата на оваа книга, отец Арсениј зборува повеќе за себе, но низ призмата на мнозинството. Бидејќи сите тие, вбројувајќи се и себе, правеле исти работи и копнееле по исти нешта. Големата шанса за повторување на тие приказни, го натерало отецот да го сподели сето тоа со нас.

Во своите искрени и мудри редови зборува и за дрогата:

Дрогата е над сите останати смртоносни илузии, врховна креација на сатаната. Нејзиното дејство не е ништо друго, туку искривена слика, имитација, успешен фалсификат на рајот и Божјата благодат. Тоа е само еден податок кој потврдува колку луѓето имаат потреба од Бога. Особено младиот човек обземен од безброј наезди со кои едвај се справува. Еден мирен брег, една топла прегратка, се она за кое што копнее.

Книгата покажува колку многу е потребно да допуштиме Христос да влези во нашите срца, колку е потребно уште од мали нозе да се црпи од изворот на бесмртноста. Колку само тоа може да нè заштити во иднина.

Отец Арсениј зборува за оние луѓе кои не допреле до Бога. За оние кои копнееле за љубов и братска прегратка. Лишени од тоа тие прибегнуваат кон ладната пеколна прегратка. Кон илузии и халуцинации кои за момент го прават нивниот живото поубав. Без лоша намера генерација талентирани луѓе се фрлаа во геената огнена…

Читајќи, забележав колку многу нè штити Црквата. Особено новите генерации, кои од мали нозе почнале да чекорат со сигурни чекори кон Вечноста.

Понекогаш човек слаб од ударите демонски нема сила да се бори па ропта и се предава. Ропта што свесно го носи своето бреме, што му се направила некоја, би било претежок збор да се каже обврска, можеби одговорност би звучело поприродно, па на моменти чувствува празнина и неизживеаност поради тоа што трудејќи се да живее црковно, успеал да се лиши од многу светски искуства. А тоа не е ништо друго, туку притисок и наметнување на туѓи фрустрации. Наметнувања на начин на живот што го налага овој свет. Морални вредности и комуникација која што воопшто не е природна за еден млад човек кој од мали нозе ја стекнал благодатта Христова. Таквите како нас често знаат да страдаат порад тоа што во своето срце носат прескапоцен дар, дар кој другите не можат да го видат. Па често тој дар бива скриен или заборавен во некоја темна соба од срцето, за да може да и` се приближи на онаа толпа која што трча во празно. Многу е тешко младиот човек кој се обидува да живее во Црквата да останe беспрекорно недопрен од пеколните дарови.

Слава му на Бога што ете по тој мрачен педесет годишен комунистички период, работите почнаа полека да се исправаат, па Црквата повторно зрачи со својата љубов. Можеби не многу, но сепак ги има – млади луѓе кои веруваат и се трудат да се радуваат на својот престој на овој век.

Таа мисија на Црквата ги спасува новите генерации или со други зборови им дава можност за избор.

Дел од нас допрва ги чекаат искушенијата од овој свет. Како млади луѓе полни со љубов остануваме скаменети пред тврдите срца на луѓето, пред горделивоста и користољубивоста…пред глупоста и пониженоста…дел од нас не можат да го трпат тој пекол па храбро заминуваат од овој свет откажувајќи се од сè во него. Но дел остануваат, некои од малодушност, а некои со надеж дека ако останат, ќе успеат да го направат подобар. Но во таа борба со светот која што многу често изглед како онаа на Дон Кихот со ветерниците…многу од нас остануваат поразени…фала му на Бога што тоа не е крајниот иход на случувањата. Сепак Бог е љубов и не допушта чедата свои да ги изгуби така лесно. Тие порази што ги примаат Христијаните во овој свет ги рануваат, не дека не ги боли, но тие рани залечуваат, па оставаат простор за уште удари…и така душата не слабее…таа напротив јакне уште повеќе. Така таа се спрема за своето вечно пребивалиште.

Затоа на нас младите најтешко ни е да бидеме постојани во црковниот живот. Бог тоа да не ни го зема за зло, а и овие редови да не бидат за наше оправдување…ова се само едни констатации кои не мора да се универзални…

Комплексно е да се зборува за младиот човек кој се обидува да биде дел од Црквата. Особено овие последни генерации на млади луѓе. Уште од раѓање опкружени со љубов тие раснат како синапово зрно, вишнејќи кон вечноста, но одеднаш ги обзема брзиот и модерен тек на светот. Тогаш се појавува еден расцеп, една навидум шизофрена состојба. Состојба која ги тера да лудуваат и да стекнуваат бројни искуства од секаков тип а истовремно совеста ѕвони дека тоа не е добро. Таа борба прави на моменти да изгледаат изгубено и исфрустрирано.

Тоа не смее да остане така. Таа состојба мора да се детектира, да се зборува постојано за причините на нејзината појава, бидејќи ако се остави така може да се случат фатални грешки.

Некој ќе каже: поарно е човек да проживее па потоа да се посвети, а некој пак: не мора да пробаш сè за да знаеш што е добро а што не. Многу се танки границите на овие две констатации, сигурно ќе има приврзаници и на едната и на другата. Сепак тоа е еден голем проблем за кој треба отворено да се зборува.

Од конституирањето на младина на Православната Охридска Архиепископија

Август 30, 2007 - Leave a Response

На ден Успение на Пресвета Богородица (28.8.2007), во Прилеп со почеток во 11 часот беше одржано основачкото собрание на Младината на Православната Охридска Архиеписопија.

На основачкото собрание како почесен гостин присуствуваше и принесе поздравен говор неговото блаженство Архиепископот Охридски и Митрополит скопски г.г. Јован.

На конститутивната седница беше донесена програмата на делување на младината на Православната Охридска Архиепископија како внатре-црковна организација целосно послушна на Црквата, притоа не делувајќи без предходно добиен благослов и разрешение од Светиот Архиерејски Синод. Одлучувајќи се за полето на своето делување, младината, како за своја програма се посвети за Собирање луѓе и младина врз база на добра волја, поради заедничко делување на полето на горките проблеми на нашата црква и општество. Проблеми со наркоманијата, белата чума, деликвенцијата, сè поголемата незаинтересираност на младите луѓе, за проблемите на црквата и општеството во кои живееме и општата појава на дефетизам на подрачјето на Р. Македонија. Ширење и охрабрување на Православните Христијански вредности и идеи за заедништво и толеранција, со цел подигање на нивото на информираност како можен темел за решавање на погоре споменатите црковни и општествени проблеми на граѓаните во Р. Македонија, и во Помесните Православни Цркви.

На собранието беа дефинирани и органите и механизмите на младината преку кои ќе се пројавуваат сите идни иницијативи, сосредоточени во духот на учеството во катехизацијата и мисијата на Православната Црква.

На оваа пригода беше прочитано и писмото со намери и честитки од страна на Асоцијацијата на Православни младини од Балканот (Balkan Orthodox Youth Association).

Основачкото собрание се заврши во духот на заедничката молитва и со најдобри благослови од Неговото блаженство Архиепископот Охридски и Митрополит скопски г.г. Јован.

Писмо од претседателството на B.O.Y.A до младината на Православната Охридска Архиепископија

Август 29, 2007 - Leave a Response

Удружење православне омладине Балкана /
Balkan Orthodox Youth Association

Ваша Преосвештенства, часни оци, драга браћо и сестре у Христу!

Имам посебну част и неизрециву радост да у име Удружења православне омладине Балкана поздравим присутне на оснивачкој скупштини Омладине Православне Охридске Архиепископије.

Још од 1993. године када је Удружење православне омладине Балкана основано осећала се специфична празнина на свим њеним скуповима. По први пут у два века православна омладина Румуније, Грчке, Албаније, Бугарске, Србије, Црне Горе и Републике Српске добила је прилику да се у миру сретне и да уместо у рату учествује у литургијској заједници. Међутим, недостајала су нам наша браћа и сестре из Македоније.

Од пре неколико година стекли су се сви услови да та туга нестане и да ми сви заједно уђемо у период радости и заједништва. Разлог за то је што је у Македонији обновљена канонска Православна Охридска Архиепископија. Њена обнова, међутим, протекла је уз невиђени прогон. Мислили смо да се времена црвеног терора на овим просторима неће поновити, али варали смо се. Оно што су Православна Охридска Архиепископија и Његово Блаженство, Архиепископ Охридски и митрополит скопски г. г. Јован доживели његову цркву сврстава у ранг цркава-мученица.

Прошле године имали смо велико задовољство да на четвртој генералној скупштини Удружења православне омладине Балкана у Требињу примимо ваше удружење за придруженог члана. Тиме су се стекли формални услови да ваши чланови учествују на различитим скуповима које организује Удружење православне омладине Балкана као као и да православна младеж Србије, Црне Горе, Републике Српске, Грчке, Бугарске, Румуније и Албаније дође у вашу земљу и поклони се њеним древним светињама.

Неко је својевремено рекао: млади су будућност. Ко улаже у младост улаже у своју будућност. Искуство нашег удружења нам говори да су млади отелотворење радости и слободе. Наша радост се управо сада увећала.

Нека овај празник Успења Пресвете Богоматере означи нови почетак за вашу страдалну цркву и њену омладину.

Председник Удружења православне омладине Балкана

Дмитар Тасић